Последен проект со кој тимот на “Млади иноватори” од ОУ Даме Груев се претстави пред пошироката јавност е иновација-патент, која што се однесува на искористување на сончевата енергија за осветлување. Насловот на проектот е Smart-венецијанки“, односно со поставување на соларни панели од надворешната страна на венецијанките-сончевата да се претвора во електрична и потоа електричната енергија во светлинска, така што таа би се користела за внатрешно осветлување.

Исто така складираната енергија може да се користи и за напојување на: мобилни телефони, таблети и сл. Тимот на

Насловот на проектот е Smart-венецијанки“, односно со поставување на соларни панели од надворешната страна на венецијанките-сончевата да се претвора во електрична и потоа електричната енергија во светлинска, така што таа би се користела за внатрешно осветлување.

Исто така складираната енергија може да се користи и за напојување на: мобилни телефони, таблети и сл. Тимот на учителката Валентина Степановска-Андонова, наставник по физика во ОУ „Даме Груев“ -Битола со оваа иновација се претставија како 1 од 10-те најуспешни и најмлади тимови во државата, единствени учесници од Битола на работилницата „Повик за ученици-UPSHIFT-иноватори и претприемачи“, одржана од 4 до 6 октомври во Маврово.

Оваа работилница беше поддржана од МОН, Фондот за иновации, Ceed Hub, UNICEF. Името на тимот е „Млади иноватори“, а е составен од учениците Андреј Јовановски (9 одд.), Христијан Николовски (9 одд.) и Михаил Јанакиевски (8 одд.), натпреварувачи со бројни освоени награди.

Од нас да им дадеме поддршка и да ги поздравиме! Браво!