На местото каде сега се наоѓа Здравствениот Дом др. Хаим Абраванел попознат меѓу битолчани како “Уредот”, некогаш се наоѓала најубавата и најголема еврејска синагога (храм) Арагон во Битола или Ил Кал Арагон (Арагон е автономна заедница во Шпанија, коекстензивно е со средновековното Кралство Арагон) од каде беа протерани шпанските (сефардски) Евреи.

Изглед и местоположба на Арагон, сегашен Здравствен Дом Др. Хаим Абраванел
Задниот изглед на Арагон , цртеж Гамлиел
Внатрешен декор на синагогата Арагон, фото Алберт Кан
Внатрешен декор на синагогата Арагон, фото М. Манаки
Внатрешен декор на синагогата Арагон, фото М. Манаки

Во Битола фунционирале 9 синагоги, од кои 3 биле големи и позначајни, додека другите беа мали и сместени во приватни куќи.
Синагогата Ил Кал Арагон била изградена некаде кон крајот на 16ти век или 1580 г. и како храм функционирал некаде до 1941 г.

Уличката во Еврејското маало Лос Кортижос која водела до Арагон, фото непознат извор

За време на неговото функционирање тука се одржувале разни собири и свечености, кои биле пренесувани во тогашните весници:

Весник Жидов 1920г.
Весник Жидов 1923 г.

За време на Втората светска војна од страна на бугарската фашистичка војска истата беше претворена во свинска кланица, а по нивното заминување од Битола беше целосно демолирана со динамит.

Јени Џамија лево и Преспански Ан десно, фото непознат извор
Изглед на местото од синагогата 1960-70 г. фото непознат извор
Сегашен изглед, 2021г.

Моментално на ова место не постои било какво обележје за оваа некогашна синагога која ја украсувала стара Битола.

Зоран Ѓоргиев