Ладино пејачката Сара Ароесте која има битолско потекло во текот на утрешниот ден 17-ти јули во 12.00 ч. заедно со танцувачкото студио Експозе ќе снимаат ВИДЕО ФЛЕШ МОБ каде ќе можат да се приклучат сите битолчани кои сакаат да бидат дел од тоа видео. Тоа ќе биде вториот видео спот на Сара од нејзиниот албум Монастир, а првиот веќе се снима за време на денешниот ден од страна на продукцијата ГИМЕЛ и Мими Марковски.

Музичкиот албум „Монастир“ е проект со десет нумери од кои дел се препеани македонски песни на македонски јазик од страна на Сара, еден дел се ладино и на хебрејски јазик. Во него земаат учество и битолчаните Сефедин Бајрамов и Вевки Ахмедов. Од недела снимањето на спотови продолжува на локации во Израел.

Значајно од албумот е да се спомене дека една од нумерите е македонската народна песна „Јовано, Јованке“ препеена на хебрејски јазик, бидејќи дел од постарата заедница која живее во Израел а е со битолско потекло сеуште ја потпевнува како спомен од деновите поминати тука во нашето поднебје .

Значи утре 12.00 ч. на Широк Сокак пред куќата кај пицерија Равена.