Индустријата за информатичка и комуникациска технологија е најбрзо растечки сектор во македонската економија и игра важна улога како снабдувач на работни места и создавач на извоз. Хардверот е најголемиот сегмент со 55 % на пазарот на ИКТ во Македонија. ИКТ услугите се втор по големина сегмент 30 %, а софтверот сочинува 15 % од пазарот на ИКТ.
Со годишна стапка на раст помеѓу 2,5% и 8% во последните неколку години, секторот за информатичка и комуникациска технологија во земјата е ветувачка област за странските компании, но и за домашните.
Просечната плата во овој сектор е највисока на ниво на држава и во мај годинава изнесува 73.108 денари според Заводот за статистика.
Голем број меѓународни и домашни компании развиваат софтвер во земјата за извозниот пазар и обезбедуваат клиентска поддршка за мултинационални ИТ компании.
Овој пат ќе ги анализираме само домашните ИТ компании, односно оние што се исклучиво во македонска сопственост. Aнализата на Pari.com.mk и податоците на БизнисМрежа.мк покажуваат дека во најголемите 5 компании во македонска сопственост со дејност компјутерско програмирање се наоѓа и нашата, битолската ИНТЕРВОРКС.
За целосна анализа кај нашите соработници Pari.com.mk