#СакамДаОстанам во Битола Граѓанската иницијатива „Сакам да останам“ во изминатите два дена, како што и беше најавено на нивната Facebook фан странa, од интернет беше присутна на терен меѓу граѓаните на Битола.

Имено, на 2 локации во Битола, плоштад Магнолија и на Широк Сокак пред хотел Епинал, беа поставени школски табли на кои беше поставен натписот „Сакам да останам поради…“, а битолчани ја имаа таа прилика, први, да размислуваат и да ги пишуваат причините кои ги врзуваат со нашата татковина.

Битолчани ги пишуваа своите причини поради кои останале и сакаат да останат во Македонија. А наоколу, можеше да се почувствува позитивната енергија и доза на носталгичност за кои дополнително придонесоа и македонските поп песни.

Таблите беа полни со различни причини, а меѓу нив и доста креативни, подолу дел од нив:

Сакам да останам поради:
– „…семејството
– …мајка ми, за да ја нервирам
– …другарите
– … убајте чупиња во Битола
– …кафето во дванајсе на Широк Сокак
– …убавините на мојата земја
– …љубовта кон мојата внука
– …најубавата Баба планина
– …слободниот живот“

„Сакам да останам“ како иницијатива веќе скоро 2 месеци е активна и има за цел да отвори прашања и да најде одговори помеѓу нашите сограѓани преку проактивно размислување како да се намали степенот на иселување на граѓаните.

Доколку сакате да сте во тек со активностите може да ги следите на социјални мрежи:

https://www.facebook.com/sakamdaostanam/

https://instagram.com/sakamdaostanam2?igshid=96gzoqpd0cry

Twitter.com/sakamdaostanam

И секако следете го и користете го нивниот „хаштаг“ #СакамДаОстанам.