РК Еурофарм Работник вечерва патува за Швајцарија, каде в недела ќе го одигра возвратниот натпревар од третото коло на ЕХФ Купот против Берн Мури. По победата од 29-19 на домашен терен македонскиот претставник се наоѓа на 60 минути до исполнување на целта – пласман во групната фаза на ЕХФ Купот.
Со авионски лет за Цирих, делегацијата на Еурофарм Работник вечерва ќе пристигне во Швајцарија, а потоа со автобуски превоз до Берн. Утре од 13:00 часот екипата ќе тренира, а натпреварот се игра в недела од 13:00 часот.
Во случај да го мине третото коло, Еурофарм Работник на 29 ноември ќе ги чека противниците за групната фаза која почнува на 9/10 февруари 2019 година.
РК Еурофарм Работник