Ракометарите на Еурофарм Пелистер впишаа очекувана победа во рамките од 17. коло на Суперлигата, откако попладнево во Битола го совладаа Охрид со 34-25 (16-14). Бабиќ се соочи со проблеми во одбраната, бидејќи не настапија Кукоски, Маркоски и Радовиќ, па охриѓани додека беа свежи одлично парираа.
Ракомет – Суперлига (17. коло)
Еурофарм Пелистер – Охрид 34-25 (16-12).
Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Ф. Ивановски, Мараш 3, Ојлески 1, Маџовски 4, Кукуловски 2, Мандалиниќ, Танкоски 1, Периќ 6, Костески, Велковски, Божиќ Павлетиќ 8, Граџан 5, Обрадовиќ 1, Табоада 4
Седмерци: 6/6
Исклучувања: 4 минути
Охрид:
Брауновиќ, Ацев, Андоноски, Кривокапиќ 5, Костов 1, Николов 1, Шилегов 3, Шулески 1, Младеновиќ 2, Тасески 2, Грубор 2, Манасков 2, М. Ивановски, Додиќ 6, Ристески
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 6 минути