УЧИТЕЛЕ ГОЦЕ ВОЈВОДА

Учителе Гоце Војвода
што си коса начешлал
и патец направил
што си се толку налутил
што си мустаќи усукал
како сабја јуначка
како пушка берданка.
Дали ќе ми одиш на нива
или ќе ми одиш на пазар
да на мајка понуда донесеш:
од таа риба Охридска
од тие Ресенски јаболка
и грозје Кавадарско
или вода студена
од таа чешма шарена
од бабан Битола.

Излезе Гоце Војвода
и на мајка проговори:
не плачи стара болна мајчичко
не ми ставај тешки јадови
срцето ми е собрано:
како Ресенско јаболко
очите ми станаа како грозје Кавадарско
рацете ми станаа како риба Охридска
нозете ми станаа како вода студена
од таа чешма шарена
од бабан Битола.
Кинисал Гоце Делчев Војвода
со таа верна дружина
сите млади момчиња
со сто души македончиња!
Писна мајка да плаче
за тој ми Гоце Делчев Војвода
немој синко да одиш
во таа бабан Битола
турци глава кренале
тебе ќе те погубат
децата плачат за тебе
коњите вискат по тебе
стадото блее за тебе.

Проговори Гоце Делчев Војвода
не плачи мајко Султано
кажи му на татко Никола
нека дојде при мене во бабан Битола:
Понуда да ти донесе
од таа риба Охридска
од тие Ресенски јаболка
и грозје Кавадарско
вода студена
од таа чешма шарена
од бабан Битола.
Ја ќе овде останам
нивите да ги ожнеам
што ги лани посеав
со тие млади жетвари
сите млади момчиња
со сто души македончиња.

Бегот ми се страшно налутил
оти арач не сум платил
па ми дигна аскер ќерата
да ми брка млади жетвари
по тие ниви крвави
од голем аскер прегазени
од таа Исак џамија
до поле Пелагонија.

Извикна Гоце Делчев Војвода
на таја Пелистерска планина
стојте браќа комити
постројте се во две редици
наредба да прочитам
абер дојде од Солун
снопјето да се приберат
житото да се однесе
во тоа поле Солунско.
Навали Гоце Делчев Војвода
од таа Пелистерска планина
со тие млади жетвари
млади момчиња
сите македончиња.

Бој ми почна неравен
од сите страни збркотници
од триста страни пукотници
извикна Гоце Делчев Војвода
теслим бpe аскер ќерата
сите ќе ве заробам
за това жито невршено
за това поле битолско.
Мрак ми падна на планина
почна аскер да бега
од сите страни сардисан
бегот ми го зароби
од тој Гоце Делчев страшен комита.
Извикна Гоце Делчев Војвода
абре беrу аскер ќерата
што си сакал во бабан Битола
житото да ми го одземеш
што го лани посеав.

Нареди Гоце Делчев Војвода
ајде бре беrу аскер ќерата
да те носам на Солун
житото да ми го однесеш
што го лани посеав
со тие млади жетвари.
Тргна ми Гоце Делчев Војвода
со сто души момчиња
од Кукушко сите македончиња.
Писна бегот аскер ќерата
аман бре Гоце Делчев Војвода
нели сме од мајка родени
нели сме од земја створени
нели сме од мајка доени
на таа Пелистерска планина
во бабан Битола,

Ќути бре аскер беry ќерата
ќе те носам кај султанот на конак
да му ја кажеш правдината
што си ја подгазил царштината
и многу поздрав
од сите млади жетвари
млади момчиња
сите македончиња.

А од Гоце Делчев Војвода
од тој страшен комита
смрт или слобода.
Султан паша ми се налутил
па ми акнал бегот аскер ќерата
за тој резил сторен
од Гоце Делчев Војвода
а за Гоце Делчев Војвода
црн јак аскер потера
од везири и андари
и аскер јаничари.
Стигна Гоце во Кукуш
добро вечер мајко Султано
и Вие татко Никола
јас си дојдов
од бабан Битола.

Еве тебе мајко Султано
понуда ти донесов:
од таа риба Охридска
од тие Ресенски јаболка
грозје Кавадарско
и вода студена
од таа чешма шарена
од бабан Битола.
Проговори мајка Султана
ајде бре синко Гоце Војвода
со долги години те чекам
со проклети зими те мислам
со црни лета те чекам
да ми те мајка прожени
со таа девојка Марија
од чорбаџиска фамилија.
Гоце на мајка проговори
дегијди мајко Султано
не е време сега за женење
нивите не сум ги ожнеал
што ги лани посеав
во това поле битолско
во таа бабан Битола.

Абер дојде од Битола
од тоа место Крушево
нивите ми стасале
жито да се ожнее
снопјето да се приберат
што ги лани посеав
во това поле битолско
во това место Крушево.
Тргна Гоце да оди
на пат за Пирин Планина
па ми дојде во село Баница
тежок сон го навали
реши малку да се одмори
душманско око не спиеше
проклета чума го следеше
па го Гоцета предаде
на аскер турци зулумчари.

Аскер турци како скакулци
за в миг село сардисале
ни пиле да прелета
ни стало да излезе
ни петел да залее
од пусто село сардисано.
Бој ми почна неравен
пушки малинкерки эгрмеа
и комитски бомби стрештеа
проклета рака си испружи
Гоцета го погоди
во градот челични
јуначки.
Извика Гоце Војвода
држте се браќа комити
останаа уште малце турци проклети
мртов падна пукајќи
со раце за мила земја згрчени
и на крајот проговори:
земјо мајка крвава
со крв си печалена
без пари си продадена
со шума си засеана
со комити си пролеана
со жито си посеана
со трња си ожнеана
со лозје си засеана
од душмани изедена
ах мајко земја крваво
ах риба Охридска
ах Ресенско јаболко
ах грозје Кавадарско
ах вода студена
од таа чешма шарена
од бабан Битола.
Не плачи мајко Султано
јас си се мајко оженив
не за девојка Марија
туку за земја поробена.
Абер дојде од село Баница
Гоце Војвода загинал
за мајка поробена
за земја изгорена.

Писна мајка да плаче
ах бре синко Гоце Делчев Војвода
вака ли мајка ќе ми те прожени
со таа девојка Марија
вака ли свадба ќе правам
вака ли внучиња се гледам
вака ли лулка ќе лулам.
Со машко дете на раце да излезам
на душмани уста да затворам
песна мајка да залее
за Гоце Делчев Војвода
за млада душа изгорена
за јуначка крв пролеана
за жална земја поробена
со црна шамија забрадена
со глава синко наведната
неможам надвор да излезам
вода студена да залеам
на таткоти Никола да му однесам
од турци и андари проклети
со штикови ме дочекаа
со кошкање дома ме отераа
на рацете синко белегзии ми ставија
на нозете црни синџири ми заглавија
со стомната синко по глава ме удрија
од сите страни синко ми се затемни
од сите планини магла навали
од небо синко сонце оrреа.
Оздола иде црна кочија
то беше синко
Крсте Љондев Војвода
па ме од клети турци откина
со тие млади момчиња
од леринско сите македончиња
па ми турци синко изврзеја
со црни синџири и вергии
и гајтан белегзии.
Крсте Љондев проговори
кажи мори тетко Султано
што си толку згрешила
што те турци врзале
и со стомна по глава удирале.

Тажна синко песна запeaв
за син ми Гоце Делчев Војвода
за ќерка ми Руша Делчева
за син ми Делчев Милан комита
Останав синко сама немошна
со црно клопче преѓа завиткана
со четири гроба расеани
со четири гроба за срце залепени
од мајкина душа одвоени
од мајкина солза не натопени
од мајкина рака не поrалени
од мајкина уста не бакнати
од мајкино крило не загреани.
Коски Ви се синко растурени
гробови незнам каде ви се направени
да ли се во планина или на равнина
дали се во мориња
или во долина
дали се во туѓина
или во пустина.
На гробови синко да дојдам
мајчина песна да запеам
со солзи земја да натопам
со топлина земја да загреам
со тажна песна да ве разбудам
од проклета душа да ве куртулам
на гробови писмо да напишам
за жална земја поробена
за мајка Македонија.

Сестрати синко Гоце загина
од црвени капи изедена
од долги штитови исечена
од проклети тирани разнесена
од расипана душа предадена.
Голема мајка нада имаше
од сестрати Руша Делчева
останав сама одвоена
нема со кого песна да запеам
нема со кого оро да заиграм
нема со кого вода да залеам.
нема со кого другари да ти пречекам
нема со кого војводи да испратам
нема со кого муабет да направам
душава синко да си ја оладам.
Од жалосна мајка и се пристори
проговори Гоце Делчев Војвора
не плачи мајко Султано
пуштиме да малку одморам
на оваја земја татковина
на оваја планина мајчина
на оваја ливада сестрова
на оваја долина братова
на оваја река чичова
на овоа море дедово,
Што ми се лутиш мајко Султано
две години на гроб те чекам
со тебе мајко да се опростам
мајчина рака да целивнам
и понуда мајко да ми донесеш
на гроб црвено знаме да ставиш
и на знаме да пишува
смрт или мајко слобода
за жална земја мајко поробена
од голем тиран мајко изедена.
Немој стара мајко да плаче
немој лути солзи да рониш
мене ми је мајко убаво
девет години комита ја одев
многу мајко планини поминав
многу вода мајко прегазив
многу мајко ридови прелетав
нигде ваква куќа не најдов.

Многу поздрав мајко да носи
на Ѓорче Петров Војвода
и до него стоеше
Питу Гули Војвода
и по него одеше
Сандански Јане Војвода
и по него врвеше
Никола Карев Војвода
од това место мајко Крушево
црвен се бајрак развило
голема свадба мајко се направило
големо оро мајко водеше
Никола Карев Војвода
со црвено знаме на раци
со танка пушка комитска
со црна мајко брада до појас
сите се на оро мајко фатија
комитско оро мајко играја
мене мајко не ме викнаа
сам ќе одам мајко на кутура
на оро да мајко заиграм
од душмани да ги куртулам
Многу се мајко трошок сторило
за таја свадба Крушевска
неповикани гости мајко имало
затоа се мајко многу трошок сторило
од туѓина мајко сватови имало
на оваја мајко стара татковина.
Црна се чума мајко зададе
од това поле Прилепско
ќе ми одат мајко на свадба
во това место Крушево.
Турци како жито мајко посеани
со тие зурли мајко тапани
со тие долги мајко топови.
Бегот ми се мајко налутил
оти Никола бегото не го канил
па ми свадба мајко сардисале
од сите страни бории засвиреле
од девет страни тапани зачукале
од десет страни топови згрмеле
од сите страни мајко песни пееле.
Извикна бегот аскер ќерата
теслим бре ѓаур Милет комита
ништо лошо не ви правам
жими вера ќе ве носам кај пашата
да ви даде изим за свадбата
теслим бре атеш шејтан комита.

Извикна Никола Карев Војвода
ела бре бегу црни батанчија
да си го видиме есапот
многу се трошок сторило
за оваја свадба Крушевска
На орото мајко застана
Никола Карев Војвода
на другата страна мајко отиде
Велешкиот Иван Алабак Војвода
на трета страна мајко отиде
Питу Гули Војвода
на четврта страна мајко отиде
Ѓурчин Наум Војвода
на петта страна мајко отиде
Ѓорче Петров Војвода
на шеста страна мајко отиде
Ѓорѓи Сугарев Војвода.
На сите страни крваво оро мајко се играше
црна се земја мајко со вино топеше
свадбата се мајко заврши
проклета се чума мајко намести
на Крушевското мајко огниште.
Чумата се мајко налути
оти на свадба мајко не ги каниле
па ми фати стари млади дечиња
курбан да прават за свадбата
курбанот се мајко заврши
Никола Карев мајко се посврши.

Голема благодарност до Васко Гичевски за испратениот материјал