Еурофарм Пелистер во Суперкуп финалето со високиносум гола разлика ја совлада екипата на Вардар 1961, со резултат 31:22. Тренерот воодушевен од играта на Пелистерци изјави дека е среќен што ја донесе првата негова титула во Битола за нашиот клуб.
Мислам дека ние добро го искористивме отсуството на низата играчи од Вардар и секако дека поголемата ротација го одлучи победникот. Имавме и добри голмани. Одигравме во доста висок ритам. На сите ни беше сон да дојдеме до титула, можам да кажам дека ја исполнив едната своја мисија, да освоиме еден трофеј за нашата Битола. Се радувам за тоа“, изјави Бабиќ по натпреварот за Гол.мк.