БИТОЛА, ул.Рузвелтова бр.18 тел.075 22 47 22, Нов пазар 075 44 57 40

Ревија од победнички кратки остварувања од „ Мобил фестивал“- Меѓународниот фестивал на филмови снимени со мобилен телефон, ќе се одржи денес, 13.јули во 15 часот, во киното на хотелот „Идн“ , на Филмскиот маркет на Канскиот филмски фестивал. Во рамките на настанот ќе биде доделена востановената награда во чест на Димитар Николов – Таки, кој го основа „Мобил фестивал“.
Димитар Николов почина на 63-годишна возраст, по кратко боледување. Покрај основањето на Интернационалниот фестивал на филмови, снимени со мобилен телефон, Таки беше филмски продуцент, менаџер на дистрибутерската компанија „КТ-филм и медиа“ и поранешен директор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Настанот е дел од Меѓународната ревија на филмови, реализирани со мобилен телефон – (International cell phone cinema showcase – Cannes), на која се прикажуваат наградените остварувања од слични фестивали, од цел свет.
Ревијата е дел од Светската иницијатива за мир и толеранција на принцезата Анжелик Моне, која во последните 10 години одржува гала вечер со хуманитарен карактер , во рамките на Филмскиот маркет на Канскиот филмски фестивал. Минатата година за првпат филмови од „Мобил Фестивал“, беа прикажани на гала вечерта и се натпреваруваа за наградата „Карл Бартош“, што се доделува за филмови снимени на мобилен телефон, фокусирани на хуманитарни теми. За изборот на филмовите лани и оваа година беше ангажирана Весна Ристовска.Филмовите ќе се натпреваруваат за наградите за најдобар филм со тема за животната средина и најдобар филм воопшто, за најдобра режија, актер или актерка, најдобра камера, монтажа, музика, ефекти и анимација.
Карл Бартош е пионер во продукцијата на филмови снимени на мобилен телефон. Проекциите нудат широк спектар од жанрови и наративи, од документарни, анимирани до експериментални филмови, направени од професионалци и аматери. Мотото е „Одлични филмови во мали пакувања“.
„Мобил фестивал“ годинава ќе гo има 12 издание, во организација на продуцентската куќа „КТ-Филм и Медиа“, од Битола.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here