Кон половината на XIX век во Македонија се појавуваат првите хотели(1), прегледот што го преставуваме е резултат на потврдени факти (публикувани документи, книги, фотографии и сл.).

Хотел Либерте (сега кафе бар Портал) 1909 г., фотографија од Манаки

Така, во Битола се појавил првиот хотел во 1843 година, и до 1918 година регистираме шест хотели, а во Скопје првиот хотел се појавил во 1870-1873 година, и до 1918 година регистираме три хотели. Сепак, оставаме одредена резерва за бројот на хотели за градовите Битола и Скопје, и цениме дека нивниот број е поголем од 6 односно 3 или за по два/три хотели повеќе.

Хотел Синтагма, фото Манаки

За потврдување на ова, е појавата на имиња на хотелите „Монастир“, „Ројал“, „Америка“, „Констинопол“ во Битола, како и споменување на депанданси на хотелот „Турати“ во Скопје, сепак за потврда на оваа потребни ќе бидат нови истражувања.

Хотел Босна, фото Манаки

(1) Први хотели се појавуваат во Јапонија уште од 705, 717 и 718 година па натаму. Во Европа први хотели се појавуваат во Германија 1120 година, во Австрија 1126 г., во Англија 1135 г., во Швајцарија 1227 г., во Италија 1300 г. во Франција 1418 година и т.н. Додека пак првите ресторани се појавиле во Австрија 803 година, во Швајцарија 1230 г., во Полска 1273 г., во Франција 1345 година и т.н. Во XVII век во Париз веќе постојат првите подобри хотели, а набрзо потоа и во другите европски земји се градат хотели, па така во XVIII век веќе во сите европски земји постојат хотели. Во Отоманската држава први хотели се појавуваат пред 1800 г. во Истанбул, Бурса, Смирна-Измир, во 1828 година во Солун, во 1843 година во Битола и т.н.


Извадок од книгата „Од анови до хотели, од меани до ресторани“ на Никола В. Димитров и Трајан Вељанов