’Triple Eight Caffeine Shampoo’ е најновиот производ, шампон на база на активен кофеински комплекс, кој ја стимулира активноста на коренот на влакната на косата и ја продолжува фазата на раст на влакното подолго одошто е тоа генетски предвидено.
Со тоа ’Triple Eight Caffeine Shampoo’ го спречува предвременото губење на косата, ја зголемува продуктивноста на фоликулите на влакната и го забрзува растот на косата.
Иновативната галенска формулација на кофеинот, во шампонот ’Triple Eight Caffeine Shampoo’, дава значително подобар и побрз ефект, споредено со другите кофеински шампони.
Кофеинот, како високоефикасна супстанца, е во состојба да го неутрализира несаканиот ефект на тестостеронот, супстанца одговорна за престанок на активноста на фоликулите на влакната од косата.
Соодветните производи (шампони и лосиони), што содржат кофеин, претставуваат единствени препарати, соодветни за долготраен терапевтски или профилактички третман кај лица каде е започнато или е изразено опаѓањето на косата.
Наш избор е кофеинскиот шампон ’Triple Eight Caffeine Shampoo’. Активните супстанци во него се присутни точно онаму каде што е потребно, делуваат насочено, директно во коренот на влакното, дополнително ја хранат и хидрираат косата (присутниот кератин, ќе го зајакне влакното, внатрешно ќе го нахрани, нема да дозволи распукнување на врвовите *цветање* на косата, а притоа косата лесно ќе се расчешлува).