Националниот парк Пелистер е сместен помеѓу Преспанската и Пелагониската котлина, во југозападниот дел на Република Македонија. Пелистер е прв национален парк во Република Македонија, прогласен во 1948 година и опфаќа површина од 17 150 ха. Може да се каже, дека најзаслужни за добивањето на статусот национален парк се пространите шуми со петоигличестиот бор – молика (Pinus peuce), откриен во 1839 година од австрискиот ботаничар August Grisebach.