Во Саботата на 25 Јули 2020 год. беа промовирани двете нови книги од авторката Светлана Папачек во издание на здружението за наука култура и литература „Златно перо“ Битола.

Прекрасниот амбиент во Хотел Театар му даде посебен шмек на настанот.

Претседателката на Златно перо Олга Наумовска го отвори настанот со зборовите:

Почитувани пријатели, драги гости добро дојдовте на денешната промоција на двете брилијантни публикации, збирката раскази „Женски откровенија“ и новелата „Љубов и вера“

Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме од пандемијата на Ковид 19, не бевме во можност да поканиме повеќе гости со цел запазување на пропишаните мерки и прописи за претпазливост. Но, колку сме, толку сме. Ние како здружение за наука култура и литература „Златно перо“ Битола се занимаваме со наградни конкурси за деца и возрасни, издаваштво на книги, организирање на културни настани и хуманитарни активности. Овојпат во улога на издавач на две прекрасни публикации чиј автор е Светлана Папачек ,поет и писател. Која е Светлана Папачек?- повеќегодишен активист за женски права и родова еднаквост, повеќегодишен член на Здружението „Златно перо “ Битола и носител на наградата ,,Златно перо 2020 год.“, како и многу други награди и признанија, коавтор во повеќе меѓународни антологии и самостојни дела.

Промоторката Снежана Лазаревска рече: Зборовите на СВЕТЛАНА ПАПАЧЕК,ЌЕ СЕ СЛУШААТ И ОДЕКНУВААТ ОВАА ВЕЧЕР ДО НЕБОТО И НАЗАД И ВО СЕКОЈ ОД НАС ЌЕ СИ ОСТАВАТ ПАРЧЕ ОД СВОЈАТА ДУША,КОЈА ЌЕ СЕ СПЛОТИ СО НАШАТА.

,,Женски откровенија”

Постарите велат дека кога на свет доаѓа женско дете и стреите плачат.
Предвреме ја оплакуваат женската мака, бремето што треба да го носи на грб: дом, семејство, пород, смрт…
Детски плач, невин и бескрајно мил, чисти солзи, жал за утробата каде има топлина, заштита, храна и љубов. Излез во светот – злобен и полн со ѕверови во кожа на луѓе. Предизвик да живее и да се справува со товарот – Четирите прстена на откровението: Девица, Светица, Маченица и Вештица. Етапи кои една девојка или женa ја следат низ животниот пат.

,,Љубов и вера”

СТЕ СЕ ЗАПРАШАЛЕ ШТО Е ОНА ШТО НИ ГО СВЕТЛИ ПОСТОЕЊЕТО?! ТОА Е ОРЕОЛОТ!!! ОРЕОЛОТ ШТО СВЕТИ ВРЗ СЕКОЈ ОД НАС , СОЗДАДЕН ОД ЉУБОВ И ВЕРА,А ТИЕ ПАК,НЕГУВАНИ СЕ ОД НАДЕЖТА..

ДА ГИ ИМАМ СИТЕ ЗНАЕЊА ЗА СИТЕ РАБОТИ,А И ТАКА СИЛНА ВЕРА,ШТО И ПЛАНИНИ ДА ПОМЕСТУВАМ ,АКО ЉУБОВ НЕМАМ НИШТО НЕ СУМ… ”

За да заврши со зборовите

ЧИТАТЕЛУ.ТИ ШТО ,,ЉУБОВ И ВЕРА” ЌЕ ЈА ЗЕМЕШ ВО СВОИ РАЦЕ,ВЕРУВАМ ДЕКА И ВО ДУША ЌЕ ЈА ПРИМИШ…И ЌЕ СЕ СЕТИШ ДЕКА…”ЖИВОТОТ Е ПАТЕКА ПО КОЈА БОСИ ГАЗИМЕ… БОСИ СМЕ ЗАЧЕКОРИЛЕ ПО НЕА,ПРИ НАШЕТО РАЃАЊЕ-БОСИ И ЌЕ ЈА НАПУШТИМЕ КОГА БОГ ЌЕ РЕЧЕ… А ВО МЕЃУВРЕМЕ И ВО МЕЃУПРОСТОРОТ КОЈ ЗА СЕКОЈ ОД НАС Е ПОДАРЕН…СЛАВИ ЗА НИВ… ЗА ЉУБОВТА,ВЕРАТА И НАДЕЖТА-НИВНАТА СЕСТРА И ПОДДРШКА! ”ЈАС ЉУБАМ И ПОСТОЈАМ’.А ТИ,ПОСТОИШ ЛИ? ”

ОДГОВОРОТ Е ВО СЕКОЈ ОД НАС…