2020 та година дефинитивно ќе биде запаметена по вирусот кој сеуште трае и запирањето на цел свет, како и уништувањето на многу дејности и индустрии, погодени од досегашните случувања на глобален план. Една од тие индустрии е и туризмот, дејност која е најмногу погодена и која со крајни сили се труди да опстои. Последиците од оваа ситуација, најмногу (ќе) ја чуствуваме ние, Битолчани, бидејќи ова лето ќе помине без нашите повратници кои традиционално се враќаа во нашиот крај во периодот од Јуни – Септември и остануваа по најмалку 3-4 седмици во своите родни огништа.
Но и во вака поставената ситуација, двајца наши сограѓани се решија да ја актуелизираат понудата за посета на нашите туристички и излетнички места, со посебен акцент на Преспанско – Пелагонискиот регион и можностите кои тој ги има за активен одмор и искусување на нови адреналински доживувања.
Се работи за докажани професионалци во областа на туризмот со долгогодишно работно искуство, така што не изненадува нивното познавање и желбата за промоција на овие региони, во земјава но и надвор.
Од пред неколку дена, нивната веб страна е веќе во етерот и според голем број на коментари и реакции, таа изгледа одлично. Таму можете да ја најдете понудата за 4, 5 и 7 дневни екскурзии на територијата на нашата земја, еднодневни градски тури, активности од типот на јавање на коњи во Маврово, нуркање во Охридското езеро, параглајдинг скокови од Крушево и Галичица, Џип тури во Мариово и Кајмакчалан и сл. Како еден новитет за кој се очекува да добие уште поголем интерес ќе бидат и “team building” понудите кои ќе им овозможат на поголемите и помали фирми да им организираат едно незаборавно дружење на своите вработени придружено со многу активности, игри, забави и едукација.
Она што е значајно за нас е акцентот на Пелистер и турите кои се организираат на територијата на Националниот Парк. Без разлика дали се работи за пешачки лесни тури, планинарски искачувања или велосипедски патеки, промоцијата на планината е она кое охрабрува и кое треба да се истакнува, се со цел градот да привлече што повеќе гости во зимскиот, но и летниот период.
Линк до веб страната
https://macedoniasfinest.com/