Проектот на здружението „Дојди Види Уживај“ продолжува со полна пареа. Овој прекрасен викенд како дел од овај едукативен, рекреативен, забавен и еколошки проект беа РК Еурофарм Пелистер, ФК Рис, КК
Медика Карта и ФК Пелистер.

Учесниците се запознаа со убавините на НП Пелистер и неговите можности кои ги нуди во сите четири сезони.

Дружењето, чистиот Пелистерски воздух, миризбата на смолата од Моликата и малата пауза од модерната технологија е најдоброто нешто кое може да се случи во овие убави моменти исполнети само со природа.

За сите заинтересирани кои сакаат
да учествуваат или да го поддржат
овај проект, контактирајте ги на
маилот: [email protected],
нивната фб страна Дојди Види Уживај или на тел број 075 572 037.