oznorWO_vivi

Култот на браќата Кирил и Методиј, и заради Солун, нивното родно место, и заради светите Климент и Наум, нивните ученици, кои ги возвизвишија, во Македонија бил посебен, длабок и вековен. Рускиот конзул Хитрово во 1864 год. тврди дека во Охрид имало училиште со нивното Српските власти, почнувајќи од 1912 год., морале дополнително да ги откриваат и да ги прифаќаат. Во Битола, пак, децении пред тоа било сосема обично на денот на браќата (11 мај – с. с.) да се одбележува, граѓани, особено ученици и нивни наставници од основното училиште „Св. Кирил и Методиј“, да се сретнат на утрински молебен во црквата „Св. Богородица“ и на масовни манифестации низ битолските улици, посебно на неодминливиот Широк Сокак. Солунската Егзархиска гимназија, основана во 1880 год., е многу заслужна за сето тоа, особено откако во 1881 год. ги прифатила за патрони.

Балканските војни нешто ќе изменат, ќе се укине гимназијава и ќе се дислоцира во Горна Џумаја (денес Благоевград), но култот и оддавањето чест кон нив, ќе продолжи дури и понагласено. И други училишта ќе ги прифатат за патрони, манифестациите ќе станат и почести и побогати, а нивното присуство во животот уште понагласено. Српските власти по 1912 год. сега тој реалитет ќе мора да го прифатат, доколку обидите за асимилација на Македонците („Јужносрбијанците“) сакале да успеат.

Не можело да се популаризира и наметнува само своето (Свети Сава), без да прифаќа и одомаќеното, и култот на браќата. Така тоа прашање ќе дојде на дневен ред и во политиката.
Иницијативата за одбележување и на денот на солунските браќа, рамноправен со Денот на Св. Сава, ќе ја поведе лично митрополитот Димитрија. Предлогот беше го доставил совреме, до Министерскиот совет во 1914 год., кој Министерскиот совет го прифатил и 11 мај (с. с.) го инаугурирал за нов државен празник. Митрополитот Димитрија истовремено со посебен налог ги задолжил православните цркви тој ден да им го посветат на браќата со посебни, свечени богослужби низ целата држава и на тој начин да се воведе како нов празник во државата. Така се случи, таа, 1914 год., 11 мај (с. с.) за првпат да се отпразнува нов државен празник, Денот на солунските браќа. Таа година 11 мај (с.с.) падна во недела, што било и посебна среќа за една ваква промоција. Службеното одбележување отпочнало во утринските часови во црквата „Св. Богородица“, каде и во црквата и на широкото плато пред неа се собрал илјаден народ. По службата продуховено говорел проф. Мих. Г. Миладиновиќ за Моравската мисија на браќата, за заслугите на нивните ученици, а и за значењето на нивното големо дело – и за Словените и за светот. Се осврнал и врз традициите во другите делови на државата, при што открил дека во Белград веќе работела просветна институција со нивните имиња за глувонеми деца, дека во Хрватска тоа име го има и едно културно- уметничко друштво, дека здруженија во Далмација на нивниот ден прибираат добротворни прилози за отворање народни училишта итн.

Битола веќе имала училиште со нивните имиња (денес деветтолетката „Св. Кирил и Методиј“), но и Битолската гимназија уште во 1914 год. неофицијално браќата беше ги прифатила како патрон и нивниот ден го празнувала секоја година. Почнувајќи од 1919 год., тие празнувања добиле и посебни богати културно- уметнички содржини. Во 1914 год. било основано и литературно здружение со име „Св. Кирил и Методиј“, кое добило и правила, верефицирани во 1919, а и сликарско дело со нивни портрети, прераснувајќи така во едно од најактивните здруженија, со 354 членови (1929/30). Тоа било во тесна врска со другите слични средношколски здруженија и од него произлегле подоцна високи интелектуалци и народни херои.


Извадок од книгата на проф. Александар Стерјовски „Калеидоскоп“

Фотографија насловна од Манаки 1907/08, дефиле на Широк Сокак по повод Св. Кирил и Методиј

Од делата на проф. Александар Стерјовски во електронска форма повеќе ТУКА