Бескрајна е среќата за вработените во Болница „Плодност“, кога како потврда на успешноста, добиваат позитивни пофалби од пациентите. Во текот на вчерашниот ден, добивме една прекрасна честитка и благодарност од среќните родители Иљо и Радица, која, со нивна дозвола, ја споделуваме со сите Вас.
„На денешен ден, пред една година, започна нашата приказна …
Денес, 15 јули 2020 година, нашата ќерка Сара, со сини очи како небо, прв роденден ќе слави.
Горди родители станавме ние и дознавме какви сé авантури, родителството може да крие, со неа најсреќни сме ние”.
Оваа среќа немаше да биде реалност да не беше д-р Таше Трпчевски и неговиот тим. Затоа бидете здрави и живи и подарувајте уште многу среќа.
“Иљо, Радица и Сара Иљовски“