Битола 4-ти Март 1931 г.
Напредувањето на медицината и хигиенските услови се развиваат од ден во ден. Покрај државата која многу вложува во подобрување на социјално- медицинските прилики на Југ не заостанува и иницијативата приватната фела.
Битола е збогатена со уште една клиника која со нејзиното уредување може да служи за пример. Со големи материјални вложувања (жртва) е отворена приватната клиника “Битољ” за лекување на болни лица.
Клиниката располага со најмодерни апарати и инструменти додека и внатрешноста не отстапува од модерните објекти кои тогаш опстојуваа во тогашното Кралство Југославија. Болните лица се сместени во посебни соби и клиниката има тераса со поглед и на Пелистер и на Кајмакчалан.
Тука работеа лекари специјалисти од главните гранки на медицината. Со отворањето на оваа приватна клиника во тоа време на граѓаните на Битола и околината им беше овозможено стручно и успешно лекување баш во нивниот град сѐ со цел да не се изложуваат на дополнителни трошоци како досега што правеле со заминување во другите градови.
Белата Куќа во Битола и ден денес сеуште го држи истиот изглед и автентичност со високо реноме како и пред 90 години, но сега како познат битолски Хотел и Бистро Бар.
Фотографии од Браќа Манаки, весникот Време, Бела Куќа Бистро Бар фејсбук профил