За време на викендот како и на почетокот од следната недела под влијание на значително потопла воздушна маса од југ температурите на воздухот ќе бележат постепен пораст, особено во недела и во понеделник.

Времето ќе се задржи стабилно и суво без врнежи и ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ветерот од северен и од североисточен правец за време на викендот постепено ќе ја намалува брзината.

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

Максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 ч. во сабота додека во недела истите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, за веќе во понеделник да бидат во пораст и да се искачат во интервалот од 16 до 23 степени.

Минималните најниски температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени и токму поради ваквата ситуација како што и претходно најавивме ќе има појава на мраз па така земјоделците добро да ги заштитат своите земјоделски култури од замрзнување.

За време на викендот и тоа особено во недела и на почетокот од месец Април уживајте во значително повисоките температури на воздухот кои се очекуваат.

Подготви: Славчо Попоски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here