Денеска околу пладне за празникот Илинден во атарот на битолското село Скочивир настана голем пожар, неофицијално предизвикан од жица од далековод за која жителите на ова село одамна реагирале за нивна санација.

Помогнат од силниот ветар кој дуваше со брзина од 5-7 м/сек пожарот се проширил низ целото село и набрзина опожари и до темел уништи 8-10 објекти.

Од битолската противпожарна единица пристигна едно возило кое заедно со други две од Општина Новаци моментално успеаја заеднички да го стават пожарот под контрола.