Доцна попладнево, од засега непознати причини во селото Скочивир крај Црна Река на патот за Кајмакчалан изби пожар. Екипа на Професионалната противпожарна единица од Битола, месното население и скочивирци од градот интервенираа за гаснење на пожарот. Речиси целосно изгореа десет куќи а ноќеска дежурни екипи ке се обидат да не дојде до повторно активирање на пожарот. Истрагата за него е во тек.

Текст и фото Сашо Ставрев