Животот е суров, често и неправеден.
Загубата на Петар Милошевски.
Случување кое го смрзнува и времето и просторот.
Што ново да се каже за човек за кој се знае се?
Во што е Петар толку посебен?
Веројатно ќе пронајдете стотина одговори на тоа прашање и сите ќе бидат точни. Исправни.
Беше работник. Беше работник.
И беше ѕвезда во некој помал, помирен свет.
Свет кој не нудеше насловни страни и луксуз.
Но, нудеше слика на борбен и чесен спортист кој не заслужува заборав.
И сеедно против кого играше, даваше се што има.
Но секогаш го третираше противникот со огромна почит.
За него тоа беше победа.
Најголем шампион е оној кој ги совладува сопствените страсти. Не се туркаше низ медиумите, не се наметнуваше и не зборуваше за своите заслуги.
Само сакаше да работи. Да подучува.
Сакаше да ни покаже дека на светов сме дојдени за убавината, а не за грдото.
Посветен на Бога, на семејството, на пријателите.
Со љубов, радост, мир, трпение, љубезност, верност, кроткост и самоконтрола.
Не постои закон што е против вакви нешта.
Нашиот спортски, но и човечки идол.
Пеце, нашиот џин, горостас меѓу стативите, горостас и како човек.
Пеце, секогаш ќе бидеш нашиот број еден!
Петар Милошевски е роден на 6 декември 1973 година во Битола.
Во септември 1990 година дебитира за ФК Пелистер, во натпревар од Втората лига на СФРЈ (во Битола, победа од 5-1 против Раднички од Белград)
На 25 март 1998 година дебитира за репрезентацијата на Македонија (победа против Бугарија со 1-0 во пријателски натпревар во Скопје). Дресот на македонската репрезентација го носеше 11 години, одигра 59 натпревари.
Од 2012 година ја извршуваше функцијата Директор на националните репрезентации на Македонија.
Во изборна ФФМ, 1998 година беше прогласен за најдобар фудбалер во странство. Во текот на својата кариера има одиграно над 500 натпревари за сите тимови и за националните селекции.
Пелистер 1990-1994
Вардар 1994-1998
Трабзонспор 1998-2001
Малатијаспор 2001-2004
Себатспор 2004-2005
Енозис 2005-2012
Извор ФФМ