„Стела“ од продукциската куќа „Дрим Фектори“, заедно со режисерот Стојан Вујичиќ е првиот македонски долгометражен филм за деца

„Стела“ е приказна за едно куче – шарпланинка, едно дете и еден дедо. Звучи идилично, но не е… Откако детето Николa ќе се обиде да се самоубие поради „булинг“ во училиштето, изгледа дека никој не ќе може да допре до него. Престанува со секаква вербална комуникација. Шарпланинката Стела е единствената која не бара ништо од него, не поставува прашања, не бара одговори.

13.00 ч. Голема сала


Надреалистичка драма која предизвикува големо внимание во египетската кинематографија на 42. на „Браќа Манаки“!

ПЕРДУВИ/FEATHERS е дело на дебитантот Омар Ел Зохаири, кој во соработка со кинематограферот Камал Сами создава прилично шарена, разиграна апсурдна комедија во која луѓето живеат мачен и тежок живот, но кога се веселат се забававуваат како да нема утре, па некој човек во таквото опуштање може да се претвори во кокошка, на пример.

А кога покрај за трите деца, безгласната сопруга мора потоа да се грижи и за изискувачкото пердувестото суштество, оваа воведна комедија преминува во тешка егзистенцијална драма, која повремено преминува во навидум неверојатни, но сепак сурово реалистични ситуации од секојдневието на луѓето кои некако чудно преживуваат во присуство на алчните и измамниците.

18:00 ч. Голема сала


⭐ Фестивалот „Браќа Манаки“ ви претставува една прекрасна приказна за потрагата по подобар живот, љубовта и ризикот!

СТРАХИЊА БАНОВИЌ (ДОДЕКА МОЖАМ ДА ОДАМ)/STRAHINJA BANOVIC (AS FAR AS I CAN WALK) е умешно реализиран како приказна за вечната тема на патувањето во потрага по подобар живот, но на моменти и како документарен приказ на судбините на бегалците од африканските и блискоисточните земји кои во современиот свет се придружени со неверојатно суров и трагичен елемент.

Главниот лик на овој филм, иако е бегалец од Африка кој решава да остане во Србија, сепак повторно влегува во ризична авантура и поаѓа на патот на бегалската рута кон Западна Европа, решен да ја најде својата љубов.

Кинематограферката Јелена Станковиќ е заслужна за прекрасната визуелизација на оваа хуманистичка љубовна приказна, за што беше наградена од жирито на филмскиот фестивал во Карлови Вари.

21.30 ч. Голема сала