oznorWO

Д-р Константин Нича, е роден на 11.03.1922 г. во Крушево. Средното образование го следеше во разни градови на Македонија заради активното и организирано политичко учество како раководител на младинската организација, СКОЈ во гимназијата.

Во 1942 год. беше политички затвореник во Битола, а потоа депортиран во концентрациони логор во Бугарија. По ослободувањето, во 1944 год. беше член на Околискиот Народно Ослободителен Одбор за Крушевската околија и секретар на младинската организација.

Д-р Константин Нича

Во 1945 год. се запиша на Медицинскиот факултет во Загреб, а дипломира во 1952 год По враќањето во Крушево беше назначен за единствен лекар по општа пракса за крушевската околија, каде покрај општата амбуланта, водеше и родилен дом и болнички стационар цели три години.

Во 1955 г. јa започна специјализацијата по општа хирургија во битолското хируршко одделение, а специјалистичкиот испит го положи во 1959 год. на Хируршката клиника во Скопје. По завршената специјализација се врати во Битола и работеше како специјалист по општа хирургија до пензионирањето на 04.04.1987 година. Повеќе од три децении д-р Нича даваше стручен придонес во формирањето и осовременувањето на хируршката служба, а посебни се неговите заслуги за едукација на млади стручни хируршки кадри.

Во текот на 1972 година беше на стручно усовршување на Уролошката клиника во Белград. а no враќањето во Битола ги воведе најновите методи и во уролошкатв оперативна техника. Сопствените искуства од секојдневната практика ги презентираше на бројни конгреси, симпозиуми и секциски состаноци.
Д-р Нича беше долгогодишен член на редакцискиот одбор на стручното списание Aкта хирургика Југославика. Покрај тоа активно учествуваше во стручната и општествената дејност во Медицинскиот центар членувајки во разни самоуправни тела.

Во 1972 год. го доби звањето примариус. а во 1985 r. беше именуван за Здравствен советник при Медицинскиот центар во Битола. За својата долгогодишна неуморна работа добитник е на бројни дипломи, повелби, благодарници, златна плакета и Орден за заслуги за народ од страна на претседателот на ФНРЈ Јосип Броз-Тито.

Почина денес на 98 годишна возраст. Погребот ќе биде утре на Влашките гробишта во Битола.

Извадок од “Здравството во Битола (1944-2004)” – Петар Бојаџиевски и Рената Бојаџиевска – Цветковска на која ѝ изразуваме голема благодарност за отстапените материјали и книги.