На 49-от државен фестивал на непрофесионален филм кој го организираше Кино сојузот на Македонија, филмот Црвени стени на битолчанецот Петар Ставрев доби златна плакета.
Овој филм заедно со 6 други ќе ја претставува Македонија на Европскиот фестивал Уника кој треба да се одржи во Романија или Украина.
Со Црвени стени Петар Ставрев ја доби наградата и на Уника на општинскиот фестивал кој го организираше клубот Милтон Манаки од Битола.
Ова е неговата трета награда за документарен аматерски филм, последната беше за сценариото на филмот Враќање кој учествуваше на фестивалот Браќа Манаки.
Честитки од нас.
Филмот Ви е тука: