Нашиот битолски Нинџитсу клуб од турнирот во Белград, одржан на 30-ти мај 2021 г. ни донесе 5 медали, и тоа 3 злата и 2 сребра од 6 такмичари, од кои 5 се сениори и 1 е кадетка, или 14 победи за нашиот тим и 5 порази на поени.

„Можевме и моравме уште подобро во некои борби но што е тука е,кога се работи истовремено на повеќе боречки спортови и се такмичи истовремено во повеќе боречки дисциплини епилогот е таков каков што е.

За некои македонски школи е успех ваков резултат за нас како школа која живее за ова секако дека ќе прикажеме уште подобри перформанси и сигурни сме дека овај турнир можевме и до 5 златни медали и тоа ќе го докажеме на следни турнири, иако 400 такмичари ширум Балканот беше стварно конкуренција за почит.
Продолжуваме уште вечер со редовни тренинзи и се подготвуваме веќе за следни такмичења“…се нивните зборови за новите доживувања и успеси кои ги постигнаа во Белград.

ЧЕСТИТКИ 🇲🇰POUND FOR POUND TEAM MACEDONIA 🇲🇰