По повод 30-ти Ноември денот кога во 1948 г. Пелистер е прогласен за прв Национален парк во поранешна Југославија се организира Фото изложба „Пелистер се гали со очите а се милува со душата” на авторите Петар и Сашо Ставрев.
Пелистер секогаш привлекува емотивно и возбудливо. Нека и овие фотографии ви овозможат така и да го доживеете Пелистер секогаш привлекува емотивно. Нека овие фотографии Ви овозможат така да го доживеете. Во почетокот кога се искачувате на височините најчесто срцето го ставате на испит, доколку дотогаш не сте спортувале, активно пешачеле или сте немале редовни физички активности. Подоцна ќе почувствувате дека со потребните паузи, одмор го издржувате потребниот ритам за планинарење.
Ќе започнете душата да ја испитувате – што е она што ве одржува, исполнува и ве прави среќен и задоволен. Ќе сфатите дека планинските предели, шумските површини, водотеците, ливадите ви ја полнат душата, која радосно ви трепери за разнобојните цвеќиња, и другите убавини на планината. Тогаш и во животот ќе можете успешно даги извршувате и совладувате секојдневните задолженија и тешкотии.
Локација Фоаје на Дом на културата, 30-ти Ноември 2021 г.