Клубот Extreme BT со поддршка од Општина Битола за време на изминатиот викенд 19 и 20.09.2020 г . успешно го оддржа Осмото издание на Pelister Downhill Cup на Копанки Downhill Track.
Настанот беше спроведен според правилата нa Union Cycliste Internationale UCI, и по правилата на Македонската Велосипедска Федерација според сите COVID протоколи за заштита.
Натпреварувачите кои беа поделени во 4 категории : elite; junior; masters и hobby остварија импресивни резултати прикажани на табелата :
додека организаторот во соработка со спонзорите и партнерите на трката им поделија награди за најдобрите пет времиња од сите категории и тоа парични награди во денарска противредност за 1-во место 400 еу, 2-ро 200 еу, 3-то 100 еу, 4-то 70 еу и 5-то 50 еу.
Останатите резултати посебно по категорија се преставени на останатите табели:
Многу голема дружба, адреналин и уште едно, осмо по ред позитивно искуство за сите нас љубителите на планината и планинскиот велосипедизам. Горди сме што добиваме голема поддршка како од градот Битола така и од битолчани за кои веќе овој вид на спорт станува дел од секојдневниот живот и урбано живеење. ни изјави Мартин Цветановски, дел од организацијата и учесник на трката каде го освои 5-тото место во категоријата elite.
Традицијата од успешно реализирани настани на Пелистер се продолжува по осми пат, битолчани знаат како да се искористи убавината на Баба Планина и патеките кои се идеални за овај вид на адреналински спорт. Секоја чест за оваа група на млади дечки кои знаат да направат несекојдневен настан по кој ќе биде препознатлива Битола.
А Пелистер исто како Битола, има уште многу да понуди…
Фотографии и повеќе галерии на нивната фејсбук фан страна Pelister Downhill Cup