Битолската компанија Melstech ја изработи првата апликација во виртуелна реалност (VR) за Археолошки локалитет во Македонија. Техничкото решение беше дел од проектот “Истражување на Римскиот град Стоби – Виртуелно Искуство” поддржан од Regional Cooperation Council – RCC и финансиран од Европската Унија.

Апликацијата ве враќа назад во минатото каде што можете да доживеете како се одвивал целиот настан кога тука на ова место имало гладијаторски борби. Направена е целосна 3Д реконструкција на театарот и сценската зграда во Стоби со што ќе научите и повеќе за архитектурата која ја имале Римјаните. а целото искуство е водено од гласот на актерот Васил Зафирчев. Софтверот во кој што е изработена е Unreal Engine 4.

Од 1ви Октомври Melstech започнува нов проект со поддршка од Фондот за Иновации и ќе ја изработува првата VR игра во Македонија – Codename: Urbanon која е базирана на книгата Урбанон: Тајните Документи од Марио Савоски.

Ни беше голема чест што нашата компанија беше вклучена во изработката на проектот и дека директно придонесуваме за зачувување на нашата култура и развој на туризмот во Македонија. Особено сме благодарни на Блинк 42-21 за довербата, и што имавме можност да го пренесеме нашето знаење и искуство преку ваков значаен проект.
Инаку за сите други заинтересирани коминтенти битолската Компанија Melstech може да помогне во поставување, менаџирање и изработување на техничкото решение (графика и девелопмент на самиот продукт) за новата VR (виртуелна реалност) технологија која е во голема експанзија и иднината на модерниот свет…ни пренесе Милан Петровски основач на Мelstech.

https://melstech.com/

https://www.facebook.com/melstechmk/