Повторно и оваа година, со големо задоволство Ве покануваме на овогодишниот качувачки собир “Go Go Climb”. Овај настан, од неформален, опуштен карактер е посветен на нашиот другар Гого кој после долга и тешка борба, прерано нè напушти. Наша чест е да се водиме по неговиот неуморлив дух и ширење на позитивна енергија по којшто тој беше познат.
Настанот ќе се одржи на еден од првите качувачки локалитети направени во околината на Битола, поточно на карпата над село Магарево. Локалитетот располага со лесни насоки кои се совршени за почетници и луѓе кои сакаат да се запознаат со спортот, а за оние кои сакаат да се релаксираат локалитетот изобилува со преубава природа, сенки и простор за седење покрај река.
Збирно место ќе биди ширината пред коперацијата во село Магарево од 09:00 до 10:00 часот, датумот ќе биде 31 Јули т.е. во Сабота. Од таму, тргаме кон локалитетот, пешачењето трае 20 до 30 минути со лесен интензитет. Настанот нема конкретна агенда и би завршил најкасно до 19:00 часот.
Пин до коперација: https://goo.gl/maps/eTeUk7CH3Atmkyit9
За оние кои ќе идат подоцна во текот на денот:
Пин од коперација до земјениот пат – https://www.google.com/maps/dir/41.0424856,21.2375048/41.0409606,21.2369037/@41.0410788,21.2374331,305a,35y,270h/data=!3m1!1e3!4m9!4m8!1m5!3m4!1m2!1d21.2376331!2d41.0424977!3s0x13572fb2d59fa211:0x88990eb7fd27bd7f!1m0!3e0
Од кога ќе стигнете до земјениот пат, го следите патот само право нагоре се додека не стигните до патоказ со натпис “Качувачки локалитет” кои ќе биде поставен отприлика на 5-10 мин после ширината со чешма и клупи на таа патека.
Доколку имате прашања слободно контактирајте нè на 071 810 593 (Марио) или 070 806 703
(Горан).
Поздрав и се гледаме во Сабота!
https://facebook.com/events/s/gogo-climb/4545851138799950/