Уште еден автомобил олтајмер кој е зачуван и гаражиран кај битолчани е неприкосновениот убавец Опел Рекорд А од. 1965 год. кој беше сопственост на Александар Јовановски, попознат како Цане сликарот или Фото Цане со куќа и фотографско атеље на Широк Сокак бр. 103. Тој бил првиот сопственик на овај автомобил кој го купил за 1500 амерички долари од саем во Словенија.

Александар (Цане) Јовановски. Фото Перица Поповски 2012г.

Посебноста на овај олдтајмер е во тоа што внатрешниоѕ ентериер се состои во две бои,а тоа ја прави ретка и вредна од таа колекција. Опелот е продаден и моментално е во сопственост на друг битолчанец.

Голема благодарност до Александар Гагачев.