Битолчанецот Никола Михајловски, познат помеѓу битолчани како Аргиро, наставник во гимназијата „Браќа Миладиновци“, датумот 12 октомври 1975 година го остави во трајно сеќавање во историјата на битолските збиднувања.
Имено на тој ден Аргиро успеа да го победи светскиот шампион Анатолиј Карпов, кој гостуваше во тогашниот дом на ЈНА, сега Офицерски, каде беше одржан турнир со битолските шахисти од 16 до 20 часот.