hdr

Куќата на Хололчеви е само уште една градба која плени со нејзината убавина лоцирана на најубавата улица на светот, Широк Сокак. Улица која моментално за жал е оставена на милост и немилост и од власта и од сопствениците на објектите, без никаква грижа за големото историското минато, ако имаме и којзнае дали функционира фамозниот Закон за старо градско јадро кој го има на хартија, ама нема кој да го спроведува.

Градбата е започната во 1870-75. Се градеше околу пет години со материјали набавувани од далечниот Солун и пренесувани преку железницата Битола – Солун. Градбата е правена по стар тертип со врела вар дури, процедура со која се гасела таа се ѕидала и затоа денес ја има нејзината голема цврстина со дебелина на ѕидовите од 80-90.

Последниот сопственик Александар Јовановски (Цане) имал голема желба да има фотографски дуќан на Корзо како сите познати битолски фотографи Манаки, Пинза, Папакоч и др. Затоа макотрпно и штедливо 9 години си берел динар по динар и ја чекал својата шанса бидејќи бил мајстор за фотографија, а и тој како другите познати битолски фотографи сакал да има бизнис на прометно место. Пред тоа неговиот дуќан бил на ул. Цар Самоил и се викал Фото студио Венус од каде во 1969 и си замина и две години живеел во с.Лавци од каде има потекло.

Куќата е купена во 1969 г. од фамилијата Хололчеви, кои биле з по потекло од Охрид, а сопственичката, професорка по француски јазик во гимназијата Јосип Броз Тито Виолета Хололчева, си купила стан на ул.Партизанска каде се преселила.

На почетокот иако куќата беше легално купена во нејзинито поткровје имало вселено и други станари кои живееле со нив 11 години како кираџии. градски и скромни луѓе фамилијата на Глигур Топаловски кој работел во хотел и ресторан Македонија. Станарското право во тогапна Југославија ним им гарантираше дека туку така не можат да бидат избркаани. На кровот од куќата како како изолација имало земја кој била покриена со камени плочи. Чатијата била поделена на шест дела која поради нејзината дотраеност почнала да се распаѓа. Штиците започнаа да попуштаат заедно со гредите и заради тоа Цане почнат да ги посетува сите институции да бара и да сугерира помош бидејки куќата е под Заштита на Завод и Музеј. Тој истотака бил загрижен за животот на тогашните кираџии бидејќи имаше опасност по нивниот живот, а одговорноста како сопственик за него беше голема. Во склоп на убави и среќни околности тие фамилии си заминаа по што чатијата на куќата се реновира и остана целосно на сегашните сопственици.

Сопственичката Хололчева беше жена со низок раст, која постојано бида суредена и фризуросана како сите тогашни битолски градски чупи.

Битолчани ја паметат како постојано била на нејзиниот прозорец и гледала према Широк Сокак се со цел да види кој шета по Широк Сокак и истите доколку се нејзини ученици наредниот ден ќе си ја добиеле заслужената казна. бидејки во тие времиња за шетањето имаше размислување и било сфатено како безделничење и губење на време, и затоа на сите ученици им беше забрането.

Во долниот дел на. почетокот немаше дуќан, а тоа беше најголемата желба на Цане. Со извадена општинска дозвола од Хололчева беа изнајмени градежни работници кои поради цврстината на куќата и употребените градежни материјали истите неколку дена мака мачеја за да отворат излог, да направат дупка која ќе излегува на самата улица.

Во оваа грандиозна градба на нејзината тераса има вградено три шини на кои се од кафаната Централ која била разрушена и на чие место е изграден хотел Епинал.

Значајно за оваа градба е дека таа е првата која беше електрифицирана на Широк Сокак. Во приземните простории. има бунар каде има тулумба и стари цевки кои водат се до поткровјето на куќата каде имало стар бољер каде се собирала и затоплувала водата.

Професорот Александар Стерјовски во неговата книга Градби има запишано: Домот на Хололчеви на улица Широк Сокак бр. 103, мошне познато охридско семејство преселено во Битола, подигнато, според мермерната плоча од атиката, во 1887 год. (26. X.). На неа е употребено кирилично писмо и тој запис е најстар на оваа улица.

Александар, Цане целиот живот го поминал во фотографирање во неговиот дуќан на Широк Сокак каде од сабајле до касно во ноќта фотографирал и ги обработувал своите слики, претежно портрети. Најповеќе имал работа со војската, новите војничиња, нивните заклетви.

Тука битолчани ги правеле и своите таблоа кои редовно беа истакнати на неговиот излог. Куќата за време на Двете светски војни не била ниту еднаш бомбардирана и имала навистина голема среќа заради што и останала толку време читава и се
брои во една од најстаро изградени на Широк Сокак. Денес на истото место од некогашното студио на Фото Цане функционира бутик за женска облека „Ивет“.


По инсистирање на сегашните сопственици објавуваме само фотографија од надворешниот изглед на куќата. Изразуваме голема благодарност до Кристина и Роберт Јовановски.