Од среда територијата на нашата држава ќе биде под влијание на длабокиот циклон ДАВИД кој ќе се формира некаде над Јадранското Море. Овој циклон ќе услови нови врнежи од снег над целата територија на државава.
Врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ со што ќе дојде до позначително зголемување на снежната покривка и тоа некаде за 10 до 20 сантиметри на пониските места, некаде и над 30 сантиметри додека пак на повисоките места и на планините истата ќе се зголеми дури и за 40 до 50 сантиметри, локално можно е и за повеќе.
Подготви Славчо Попоски