Понекогаш најдобра земја која ќе ја посетиш е онаа која најмногу ќе ве изненади. Македонија дефинитивно спаѓа во таа категорија.

Се вљубив во Македонија од ќеиф – ми требаше да одам некаде на две недели помеѓу Истанбул и Дубаи, додек мојот партнер отиде во Јужна Африка. Скопје излезе како евтин лет од Истанбул, па така веднаш закажав лет.

Македонија – исто така позната и како ФИРОМ – се наоѓа помеѓу Албанија, Косово, Србија, Бугарија и грција (многумина грци одбиваат да ја нарекуваат Македонија и го користат горниот термин, затоа што и тие имаат регион со исто име).

Освен ова, не постојат многу информации за Македонија како дестинација за патување, посебно доколку ја споредите со останатите балкански земји. Но затоа јас ќе кажам, станува збор за апсолутно фасцинантна држава која заслужува да биде посетена многу повеќе.
Зошто ја засакав Македонија?

Да започнеме со вистинска ’бомба‘: Македонија е најевтината земја во Европа која што сум ја посетила. Многумина водичи велат дека Бугарија е најевтина, но ја увидов дека Македонија е поевтина и од Бугарија.

Типични цени? Најевтиниот хостел започнува од околу 7 $, подобрите се околу 10 $, можете да земете приватна соба за 15 до 20 $. Комплет вечера со убави вино 10 $, а повеќето јадења чинат од 3 до 5 $.

Исто така е неверојатно убава. Охрид е националната гордост, но Македонија исто така има и многу планини, а глетките од селата се спектакуларни.

Вкусни и евтини вина. Јас ни од далеку не сум вински експерт, но македонските црвени вина беа некои од најдобрите кои сум ги пиела после подолго време. Најчесто плаќав од 2 до 3 $ за мало шише во кое има чаша и половина.

Вкусна и здрава храна. Храната не е нешто екстра ексклузивно, но мене ми беше многу вкусна, со многу зеленчук (што е невообичаено за Источна Европа). Јадев многу полнети пиперки, еден куп различни салати и повремено вегетаријанска пица. И бидејќи храната е толку евтина, слободно можете да седнете во ресторан без воопшто и да ги гледате цените.

Исто така овде открив и пуканки од чоколада и јагоди, кои воопшто не се лоши.

Пријатни луѓе, со кои можеш да се разбереш. Не добив впечаток дека Македонците се премногу топли луѓе, но затоа знаат да ги завршат работите – како на пример вработениот во хостелот кој веднаш ми најде такси кога мојот шофер не се појави воопшто. И повеќето луѓе зборуваат сосема добар англиски јазик.

Земјата е добро поврзана со целиот регион. Во Скопје допатував од Истанбул со билет на попуст од компанијата Pegasus Airlines. И додека во земјата постојат неколку линии со воз, исто така е доста евтино да се патува со автобус до Албанија, Црна Гора, Косово, Србија, Бугарија, грција или дури и до Турција.

Апсурди и бесмислености. Од трафиките за менување на пари кои изгледаат како циркуски кабини за предвидување на иднината, до фактот дека скоро секаде свиреше музика од 90-тите, Македонија ми остави впечаток на интересна земја, исто како што е и убава.

Посетете ја додека е се уште непозната…

Македонија не е воопшто позната како што би требала да биде, но се наоѓа на позиција да многу бргу да прерасне во нова жешка точка на Балканот. Пред се за туристите надвор од Источна Европа.

Сепак, не треба премногу да очекувате. Македонија воопшто не е развиена толку добро како Хрватска, Словенија или брегот на Црна Гора. Во многу нешта, Македонија ме потсетува на Босна – има многу ѓубре по улиците, зградите се робусни, таксистите паркирани на железничките станици може да ве ограбат, интернетот – иако на многу места добар – сепак може да се подобри.

Заклучокот би бил – ако не сте премногу пребирливи, ќе уживате во земјава на големо!

(Прва нејзина станица беше Охрид, па Битола… )

Битола

Моја следна станица беше Битола, без претходно да знам било што за местово, освен фактот дека е еден од поубавите и добри за живеење градови во Македонија. И не ми требаше многу време за да се вљубам во него.

За мене, најатрактивно место беше Широк Сокак – долга улица со бескрајно многу кафулиња и банери на кои се прославуваше последниот фестивал, што испадна да биде Фестивалот на Шекспир. Широк Сокак е најдоброто место за да видите и да бидете видени во Битола, без разлика за кој дел од денот да станува збор. Токму затоа сите столици се свртени кон самата улица.

Ноќе, кафулињата се претвораат во барови и ќе видите како девојките облечени во маички и фармерки се пресоблекуваат во кратко здолништа, високи потпетици и со налудничави маникир креации.

Исто така видов повеќе венчавки во еден викенд отколку што имав видено изминатите пет години. Една церемонија по друга, парадираат по улиците, сите коли накитени со бели панделки и свират ко луди! Секој пар дојде да позира и се фотографира на Широк Сокак.

Друга кул работа во Битола е отворениот пазар. Никогаш немав видено вакво нешто! Наместо да биде затворен во голема зграда како Големиот Пазар во Истанбул, овде сé е на отворено, збиено едно до друго и полно со пазарџии спремни за тргување.

Битола ми изгледаше прекрасно мало место на кое можете да поминете неколку дена и многу лесно можев да останам и подолго. Ова ме поттикна да помислам, колку вакви гратчиња се расеани низ Европа и светот – сигурно илјадници.

И потоа…на ред дојде Скопје.

Извор Винотика.мк