Заради кафето, заради храната, заради широките насмевки на трговците, заради убавите девојки кои шетаат од Башчаршија, па до Ферхандија…
И за битолчани и за сарајлиите кафето не е само пијалок… Тоа е традиција… Граѓанска должност … Причина за нови пријателства, партнерства, бизниси или едноставно споделување на маките… Тука се чувствуваш како да си дома… А сепак некако послободно… Политика и религија – речиси никој не спомнува… Кој на која страна припаѓа е целосно небитно… Додека си човек, додека твојата намера е искрена – секаде си добредојден…
A, дали знеевте дека само Сараево и Битола:
– На мало растојание од околу 300 метри една од друга имаат православна црква, џамија, синагога и католичка црква.
– Башчаршија и Старата битолска чаршија потекнуваат од речиси ист период, најголемиот број дуќани биле изградени во XV и XVI век. Башчаршија се наоѓа на северниот дел од брегот на реката Миљачка, а Битолската на северниот брег на река Драгор.
– Сараевската Сахат-кула (Саат-кулата) е изградена во 17-тиот век, како и Битолската која првпат се споменува во 1664 година. Битола го има Широк сокак, а Сараево Ферхандија.
Кој еднаш бил во Сараево, секогаш се враќа во Сараево и без да се напие вода од Себиљ.
Како и вие да се вљубите во Сараево? Ова Ви е животна шанса, од тие кои се еднаш во цел ваш животен век и тоа пет дневна тура Сараево и Босански пирамиди од 04-07.03.2022 г. за само 89 евра со Караџа Турс.
Целокупната тура Ви е ТУКА, а за повеќе информации обратете се во КАРАЏА ТУРС – Средна Стокова накарши Ајчо.