Сфаќајќи ја важноста на филмот
и сфаќајќи ја потребата од него во културниот живот за работниот народ, Месниот синдикален совет во Битола ја забрза работата околу изградбата на новата сала за кино претстави. Салата се наоѓа во новиот синдикален дом, а кој што е при крајот од изградувањето. Макар што во домот се уште не се завршени некој внатрешни уредувања, новиот биоскоп започна со својата работа. Салата е уредена на модерен начин.

СВЕЧЕНО Е ОТВОРЕН ПИОНЕРСКИОТ ДОМ

Пред извесно време на свечен
начин беше отворен Пионерскиот дом, во кој што се применн околу 240 најдобри пионери. На свеченоста присуствуваа гости од Градскиот комитет на КП, од поверенството за просвета при ГНО, претставници од ЈА и претставници од разни културни установи Откако раководителката на пионерската организација Нада Чекрезова говореше за значењето на домот, пионерите ги поздрави претставникот од Југословенската армија. На крајот на пионерите и беа разделени црвени шамии. Во овој дом организирани се секции, радио-аматерска, моделарска, дилетанска, фолклорна, балетска, како и исторско-географска, при-
родњачки, литературен и други
кружоци. Со ова, на пионерите им се овозможува сестран развој на нивните способности.

Списание: Нова Македонија

Датум: 25.05.1949