По повод светскиот ден на туристичките водичи – 21 февруари, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници ќе организира бесплатен разглед за нашите сограѓани.
Туристичките разгледи ќе се реализираат во Сабота (19.02), во неколку града на територијата на нашата земја, вклучувајќи ја и Битола.
Појдовна точка на првата тура ќе биде музејот на Град Битола во 10:00ч., додека стартот на втората тура ќе биде со почеток во 11:00ч од пред Саат кулата.
Доколку сакате да ги доживеете убавините на оваа професија, да го слушнете начинот на кој ние им ја пренесуваме приказната на странските гости и се потсетите на богатата култура и историјата на нашиот град, Ве повикуваме да ни се придружите и бидете наши гости на градската тура. Не е потребна никаква најава или резервација, ваше е само да се појавите во еден од предложените термини и заедно да уживаме во едно поинакво саботно утро.
Ваши водичи ќе бидат претставниците на нашата асоцијација од Битола, колегите со повеќе децениско искуство, Горан Пинза и Исидор Балојани.
Дома бабам Битола Доживеете ја приказната која ја слушат странските туристи: Бесплатен туристички разглед за...