Направивме една анализа на податоците од мрежата во времетраење од еден месец (од 18.02.2020 до 18.03.2020 година) со цел да се опфати периодот ПРЕД и ПОСЛЕ воведувањето на мерките за заштита од вирусот COVID-19 за кој е прогласена пандемија од страна на World Health Organization (WHO).
Анализата е направена врз база на расположливите податоци за вредностите на ПМ10 честичките со напомена дека во одреден временски период недостасуваат некои податоци од некои мерни станици поради настанат проблем со мобилните оператори кои ги дистрибуираат самите податоци.
Резултатите од анализата на прибраните податоци покажуваат одредено намалување на вредностите со почетокот на месец Март откако стапија на сила мерките кои ги усвои Владата.
Причините за намалувањето на вредностите е пред се затворањето на училиштата, градинките и установите кои работат со деца, затворањето на некои институции, намаленото греење во одреден број на јавни објекти, намалената фреквенција на населението, намаленото користење на превозните средства (автомобили, такси услуги, редуцирањето на линиите од јавниот превоз), затворањето на некои индустриски капацитети, намален број на луѓе кои одат на работа и ред други мерки кои се применети од страна на Владата.
За подобра визуализација на добиените резултати прикажан е Графикон на кој може да се види графичкиот приказ за движењето на вредностите во изминатиот 1 месец на сите мерни станици, вклучувајќи ја и државната мерна станица Битола 2 која се наоѓа во центарот на градот. Првиот графикон е со збирните вредности на целата мрежа, а за подетална анализа на секоја одделна мерна станица прикажани се графикони за секој сензор одделно. Со цел да се подредат мерните станици во еден редослед според нивото на загадување, пресметани се минималните, средните и максималните вредности на ПМ10 честичките, а редоследот е направен според Средните вредности почнувајќи од повеќе загадените кон помалку загадените средини, и тоа:
🔹️Јени маале – средна вредност 9️⃣2️⃣ mg/m3 (мин.6 mg/m3, макс. 415 mg/m3)
🔹️Бадембалари – средна вредност 9️⃣1️⃣ mg/m3 (мин.2 mg/m3, макс. 424 mg/m3)
🔹️Баир – средна вредност 8️⃣8️⃣ mg/m3 (мин.2 mg/m3, макс. 615 mg/m3)
🔹️Дрвен пазар – средна вредност 7️⃣1️⃣ mg/m3 (мин.5 mg/m3, макс. 502 mg/m3)
🔹️Областа – средна вредност 6️⃣6️⃣ mg/m3 (мин.2 mg/m3, макс. 304 mg/m3)
🔹️Широк сокак – средна вредност 6️⃣5️⃣ mg/m3 (мин.4 mg/m3, макс. 368 mg/m3)
🔹️СН Центар – средна вредност 5️⃣2️⃣ mg/m3 (мин.2 mg/m3, макс. 450 mg/m3)
🔹️БИТОЛА 2 – средна вредност 4️⃣4️⃣ mg/m3 (мин.2 mg/m3, макс. 271 mg/m3)
🔹️Декорпод – средна вредност 4️⃣4️⃣ mg/m3 (мин.2 mg/m3, макс. 193 mg/m3)
🔹️Новаци – средна вредност 3️⃣4️⃣ mg/m3 (мин.2 mg/m3, макс. 181 mg/m3)
Повеќе информации на ➡ map.airly.eu
Мобилната апликација можете да ја симнете на следниот линк:
➡ Android: https://play.google.com/store/apps/details?id=eu.airly.android
➡ iOS: https://itunes.apple.com/us/app/airly/id1283400152
Платформа Земи Здив Битола