Дека лапароскопијата во Болница „Плодност“ се изведува по светски стандарди, е докажано и со најновиот подвиг на д-р Христијан Трпчевски.
Тој, лапароскопски успеа да извади циста со енормна големина од околу 30 сантиметри кај млада девојка. Цистата во нејзината внатрешност имаше 6,5 литри бистра течна содржина и го исполнуваше целиот стомак. Пациентката, покрај тегобите, имаше изглед како да е во голема бременост.
„Сепак, големината на цистата не претставуваше проблем да биде извадена лапароскопски, без сечење на стомакот, затоа што оваа метода во нашата болница е веќе рутински зафат.
За среќа, цистата кај пациентката беше параовијална, односно не потекнуваше од самиот јајник, така што јајникот беше зачуван, а со тоа и нејзината репродукција во иднина“, истакна д-р Христијан Трпчевски, најмладиот лапароскопист во Македонија, кој има огромно искуство и вештина во примената на оваа техника.
Најчесто во земјава, ваков вид на циста се оперира со класично отворање на стомакот. Кај нас, успесите се загарантирани, а тоа се докажа и со овој случај, која пациентката ја напушти болницата следниот ден.