Тројца македонски репрезентативци Стојанче Стоилов, Дејан Манасков и битолчанецот Филип Кузмановски со нов имиџ влегуваат во втората фаза на Европското првенство во Хрватска.
Поради кладба тројцата се истрижаја на „кец“. Кладбата била дека Македонија натпреварите во Ц-групата ќе ги заврши на првото место, што по двете победи над Словенија и Црна Гора и ремито со Германија и се случи.
Дејан Манасков на инстаграм објави фотографија со текст: „Нова фризура. Кладба си е кладба“.
Поздрав лавови!