За разлика од другите птици, чавката често е присутна во кратките фолклорни форми, меѓу другите, ја има и во овие: „Чавка умот му го испила“(незрели постапки), „Уште умот му лета по чавките“(незрелост), „Чавка со чавка, очите не си ги вадат“ (солидарност) итн. 

Ја има и во битолски говорен израз, во кој доминира алузијата, а дијалогот е формата. Преку него, за трето лице, присутно во близина, доверливо се открива дека има знаци на деменција. Првиот полугласно го најавува тоа, вториот го потврдува, експлоатирајќи ја чавката. 

На младите битолчани омилена игра во минатото им била со чавките, оние кои почнале посериозно да учат да летаат, некои и го совдадале поприлично. Лесно биле да се уловат, зашто градот вриел од нив, станаде дури и проблем. За ликвидација било ангажирано и Ловечкото здружение и за тоа се трошеле општински средства. Играта се состоела во врзување на чавката за конец („сиџим’)за едната нога и одвреме навреме, нејзино ослободување да полета. Се случувало чавката некогаш и да се откачи и да полета, повлекувајќи го со себе и конецот. Токму таму се сконцентрирал говорниот израз. 

книга Калеидоскоп проф. Александар Стерјовски