Нова цветна и зелена понуда за битолчани. Саксиско цвеќе и садници за секоја прилика. Битола го доби Грин Гарден Центар, на излезот на градот кај населбата Горно Оризари. Производство и продажба, повеќе години се во оваа дејност.
Впечатокот од блиското минато е дека цвеќе главно се купува и подарува за денот на жената или семејни свеченост.
Но, последниве години велат дека работите се менуваат и битолчани сѐ повеќе сакаат во својот дом и двор, балкон или тераса да бидат опкружени со цвеќе.
Во нивната цветна и зелена градина освен што можете да си купите цвеќе или садник, можете да нарачате и уредување на вашиот простор.
Ја имате можноста Холандија да Ви ја донесат во вашиот дом или двор, со цвеќињата и садниците од холандско потекло, но и домашни расади, како и од други краеви на светот. Нема време и ден за цвеќе и убава средина. Тоа може да биде и секојдневие сега со новиот Грин Гарден Центар на излезот на Битола.
За повеќе посетете ја нивната фејсбук фан страна ТУКА.
Локација во населбата Г. Оризари после Ангромаркет