“AIRLY” Е ВЕЌЕ ВО БИТОЛА !!!

Овие денови независната платформа на Аirly мрежата од мобилни мерни станици за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух е веќе инсталирана во Битола.

Присуството на Airly во Битола е плод на заложбите на тимот БИСТА и битолчанецот Драган Велјанов кои во изминатиот период дадоа голем придонес за да има поставување на вакви мерни станици, со цел да се добие реална слика за аерозагадувањето во реално време.

Податоците за параметрите кои ги мери овој сензор се веќе достапни на платформата и секој од Вас може да ги погледне со инсталирање на мобилната апликација “Airly” која можете бесплатно да ја симнете од Google Play или Play Store.

Со инсталирањето на апликацијата можете во било кое време од денот да имате реален увид во аерозагадувањето кое се мери во реално време.

Сензорот е поставен на сам Широк Сокак, во строгиот центар на градот и е обезбеден од страна на БИСТА, инаку производство на полската компанија Airly за чиешто одржување во мрежата ќе се грижат сите кои сакаат да ги користат податоците на платформата. Истиот покрај ПМ 2,5 и ПМ 10 ги мери и ПМ 1 честичките…

Целта е во иднина да обезбедат уште минимум 4 станици како би можело да се направи мрежа на повеќе локации во Битола и на тој начин да добиеме една добра претстава за квалитетот на амбиенталниот воздух. Овие станици треба да бидат дополнение на постоечките 2 државни мерни станици и да се зголеми капацитетот на уредите кои ги мерат параметрите на аерозагадувањето.
Се надеваме дека оваа акција на БИСТА ќе наиде на разбирање и поддршка од сите оние кои искрено сакаат да дадат свој придонес во борбата со загадениот воздух.

Наскоро ќе имаме информација за донаторската акција со која ќе се обидат да соберат средства во висина од 5.000 € кои ќе бидат потребни за дополнителните мерни станици.

Повелете линк од апликацијата:
https://play.google.com/store/apps/details?id=eu.airly.android

Тим на БИСТА