Во денешната дигитална ера програмирањето останува една од најбараните области која и понатаму е во подем, а ќе ја дефинира и иднината. Тоа е логички и креативен процес со чија помош му даваме на компјутерот инструкции како да биде извршена одредена задача со користење на различни програмските јазици како што се Java, Python… Тоа е всушност начин на кој што постигнуваме интеракција со компјутерот со цел да се градат игри, апликации, веб страни и друга интерактивна дигитална содржина.
Поттикнте ја љубопитноста кај вашите децата и дајте им шанса да изразат желба и да почнат да учат програмирање уште од најрана возраст. Со тоа ќе им го трасирате патот кон една од најпопуларните и најплатените области денес- ИТ. Програмирањето е нов свет кој нуди безброј можности за развој. Но, она што е поважно е шанса вашите деца да стекнат животни вештини кои ќе ги насочат да истражуваат за својата идна кариерна определба.

За таа цел ⋮ИВЕЦ оваа година го најавува и првиот зимски камп за деца “Програмирај и скијај со ⋮ИВЕЦ” со програма која е одличен спој на забава и учење нови програмерски вештини.
⋮ИВЕЦ зимскиот детскиот камп “Програмирај и скијај со ⋮ИВЕЦ” го организираме во Крушево мотивирани од одличната реализација на двата летни детски кампови оваа година, во периодот од 13.01.20223 до 16.01.2023. Пријавите се отворени за сите деца на возраст од 10-16 години кои имаат желба и се љубопитни за изучување на програмирањето и програмскиот јазик Python во комбинација со интерактивни активности, игри, многу забава во природа. А за вистинските љубители на зимата и скијањето ќе бидат организирани и часови за скијање. Одлична шанса вашите деца да го поминат зимскиот распуст на продуктивен и забавен начин.
Ќе се одржува настава секој работен ден која ќе ја водат висококвалификувани предавачи за програмскиот јазик Python. Остатокот од денот ќе биде организиран со интерактивни и забавни активности за да се поттикне социјализација, запознавањето на учесниците, прошетки во природа и истажување на Крушево во зима, слободни активности, игри, часови за скијање. Целта е да се поттикне желбата кај децата да комуницираат, социјализираат, да се дружат а во исто време и да се едуцираат во најбарана професија во денешно време. Односно да стекнат меки вештини уште од најмали нозе.
Со учењето на програмирање во детски камп ќе ја поттикнете љубопитноста кај вашите деца, ќе научат како функционира денешното дигитално општество на забавен и интересен начин. Она што е најважно е дека програмирањето ги прави децата од пасивни потрошувачи во активни производители, кои почнуваат да ја доживуваат технологијата како повеќе од игра и играчка за поминување на слободно време и за занимација, туку како предизвик за решавање и шанса за создавање.
Неколку чекори треба да проследите за да ги поставите основите за светла иднина на вашите деца:
Поттикнете ја љубопитноста за програмирање кај децата,
Изберете соодветна едукативна институција која ќе го води вашето дете и
Бидете нивен најголем поддржувач.
Дозволете им на вашите деца незаборавна зимска авантура во зимскиот камп “Програмирај и скијај со ⋮ИВЕЦ” во Крушево. За да аплицирате кликнете на линкот https://iwec.mk/camps/kids-camp/ или посетете ја нашата веб страна: https://iwec.mk/, а за сите дополнителни информации следете на социјалните мрежи и секогаш може да не контактирате на телефонскиот број 072-309282.
Дозволете да им приредиме на вашите деца незаборавен зимски распуст со кампот за прогамери на ⋮ИВЕЦ.
Ве очекуваме!