Ја повторуваме магичната бајка за време на новогодишните и Божиќните празници.
Забавата која цела година сите ја прераскажувавме и очекувавме е најавена сега, за вас, вашите дечиња и најблиски и ќе трае два
дена.

Датум: 21-22 декември, Среда-четврток

Време: 18:00-22:00

Место: околу најубавата новогодишна елка во дворот на Хотел Шумски фенери

Четврта година Новогодишен и Божиќен базар во атмосфера како од бајка со најубавата Новогодишна елка во украсениот двор на Хотел Шумски фенери, празнична музика, вкусни колбаси, арома на варено вино и планинско топло чајче како и слатки колачиња за вашите
дечиња!

Ве очекуваме… Бидете дел од магијата и убавината на овие празници