Република Словенија е планинска земја која се наоѓа под Алпите. Тоа е држава во Централна Европа, која се граничи со Италија на запад, Јадранското Море на југозапад, Хрватска на југ и исток, Унгарија на североисток и Австрија на север. Брои население скоро 2.000.000 исто како и кај нас. До 9 Април официјалната статистика покажува 1120 случаи на КОВИД-19, излечени 156 и 56 со фатален крај.
Во Словенија веќе подолг период таму се наоѓа познатиот балкански музички виртуоз, нашиот сограѓанин Горан Бојчевски со кого контактиравме и го запрашавме накратко за вас да ни ја пренесе целокупната ситуација :
12-ти Март 2020 година беше денот кога Словенија објави пандемија со коронавирусот. Од 20 март започна забраната на собирање на луѓе на јавни места и јавни случувања. Од 30 март започна ограниченото движење во други општини. Затворени се јавните установи (библиотеки, музеј, кина, галерии и др. ). Забрана за работа имаат автобускиот и железничкиот сообраќај.
Од 30 март во времето од 8 до 10 часот наутро може да купуваат најранливите групи на луѓе (инвалиди, болни, пензионери)
Училиштата се затворени, децата се дома. Полициски час нема, но има доста превземени мерки за ограничување на движењата. Дозволено е групирање само на 5 лица кои заедно можат да се движат.
За жал, црквите за католичкиот Велигден беа празни, имаше онлајн богослужби. Моментално е актуелно дека државата полека ќе почне да ги ослободува мерките и некои претпријатија и фирми веќе се припремаат за да почнат со работа.
Се надевам дека за нашиот православен Велигден дека во Македонија ќе се отворат црквите, и дека луѓето ке можат да му оддадат значение на нашиот најголем празник, но секако со претпазливост и почитување на правилата (растојание помеѓу луѓето, пазење на личната хигиена…)
Пред се, мислам е право место сите заедно да им се заблагодариме на сите доктори и медицински лица во државата и целиот свет, кои што несебично ги ризикуваат нивните животи за опстојување и заштита на човештвото.
Мислам дека со верба во Бога и здрав разум, воедно со спроведување на заштитните мерки ке го победиме ова зло заедно сите. И никогаш повеќе да не се повтори.
Пред се за размислување е дека светот веќе долго време е насочен само кон ненаситноста и човековата глупост на кого му е важен само моментот каде ќе заграби повеќе, а никогаш не размислуваме на последиците. Затоа, нека ни дојде памет, сите да направиме чекор наназад во светските похоти, и чекор напред кон љубовта, духовното и хуманоста.
Горан Бојчевски
Фотографии Мија Копривц (Mija Koprivc)