Денес битолчани на раскрсницата карши хотел и ресторан Премиер Центар организираја хуманитарен гест и поставија закачалка на добрината со испечатен текст “AKO ИМАШ ДОНЕСИ, АКО НЕМАШ ПОНЕСИ”, каде што сите вие кои сте заинтересирани можите да донирате храна особено конзервирана и добро спакована, конзерви, леб, брашно, тестенини за најранливите во оваа ситуација пред Велигден.
Доколку сте во можност посетете ја оваа локација и дадете еден ваш мал придонес за престојните празници кој колку толку ќе му се најде на најранливите категории.