Премногу лошо ќе влијае времето овие денови врз граѓаните, поточно до крајот на оваа недела.
Од есенски температури кој се мерат во утринските часови за само 24 часа овој викенд температурите на воздухот нагло ќе пораснат и во недела максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени додека за Битола ќе биде до 35.
Поради изразеното југозападно и западно воздушно струење кое веќе го напоменавме и најавивме како и поради транспортот на прашина и на песок од Сахара, но и поради релативно високата влажност во воздухот граѓаните ќе чуствуваат мачнини, тежина на телото, кај некои е можна појава и на главоболка, несоница, нервоза како и болка на местата од старите рани.
Ова се однесува особено врз метеопатите.
Како што најавивме овој топол бран ќе трае релативно доста кратко и од понеделник па натаму ќе започне пад на температурите на воздухот иако и во понеделник и покрај тоа што температурите ќе бидат малку пониски сепак сеуште ќе биде многу топло.
Исто така од понеделник па натаму во текот на следната недела атмосферата ќе се дестабилизира со што растат условите за дожд, грмежи и локално невреме.
За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ